Хамилтон му се извини на Мерцедес за грешките во Катар
- Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека се смета за виновен за слабиот резултат на трката во Формула 1 возена вчера за Големата награда на Катар.
Лондон, 2 декември 2024 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека се смета за виновен за слабиот резултат на трката во Формула 1 возена вчера за Големата награда на Катар.
- Не е добро, но се случува. Не ме осудувајте по тоа колку пати ќе паднам затоа што утре ќе станам и ќе се обидам повторно. Машината не работеше многу добро. На почетокот заостанавме многу и немавме можност да го отвориме крилото. Но, денешниот резултат е моја вина, па му се извинувам на тимот за лошиот, а потоа и за инцидентот во боксот, изјави Хамилтон за „Sky Sports F1“.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Катар. Возачот на Ферари, Шарл Леклерк го освои второто место, а првата тројка ја комплетираше Оскар Пјастри од Мекларен. Хамилтон заврши 12-ти. зс/
Фото: ЕПА