• понеделник, 16 декември 2024

Хакери објавија податоци за албанскиот премиер Еди Рама

Хакери објавија податоци за албанскиот премиер Еди Рама
Тирана, 27 октомври 2022 (МИА) - Иранските хакери кои 14 месеци влегуваа во албанските владини системи, продолжуваат да објавуваат чувствителни податоци, а овој пат нивна мета стана премиерот Еди Рама, јави АБЦњуз. На мрежата Телеграм хакерите јавно ги објавија сите лични податоци на шефот на албанската Влада. Меѓу нив има лични карти, пасоши, адреса на живеење и други податоци. Јавно се објавени и сите влезови и излези на премиерот од и во Албанија од 2005 до мај годинава. Според истиот извор овој документ ги содржи податоците за 394 патувања на премиерот, од кои повеќето биле со авион, но во некои случаи тој заминал со автомобил од Албанија преку граничните премини со Грција или Северна Македонија. Она што е забележливо е дека многу често патувал со скапи чартер летови, а најчеста дестинација на премиерот Рама е Турција. Од податоците на системот TIMS што го објави иранската хакерска мрежа „татковинска правда" се наведува дека Рама годинава од 15 летови надвор од Албанија дури 13 се со чартер. Хакерите податоците ги објавија во момент кога во Тирана беше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. На нивната веб-страница групата деновиве објави податоци за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо. вт/ссм/

Остани поврзан