Фјури значително потежок од Усик пред реваншот во Ријад
- Великаните во тешка категорија Александар Усик и Тајсон Фјури го поминаа официјалното мерење пред нивниот реванш во Ријад

Ријад, 20 декември 2024 (МИА) - Великаните во тешка категорија Александар Усик и Тајсон Фјури го поминаа официјалното мерење пред нивниот реванш во Ријад.
Тешко е да се каже колкава е личната тежина на двајцата, бидејќи стапнаа на вагата во облека и обувки.
Кандидатот Тајсон Фјури имаше 127 килограми, додека Александар Усик беше 102 килограми.
Двајцата борци овој пат стоеја очи во очи не повеќе од 3 секунди, а не како претходниот - близу 11 минути. дс
Фото: Принтскрин