• сабота, 23 ноември 2024

ФФМ ќе ја брендира Прва женска лига

ФФМ ќе ја брендира Прва женска лига

Скопје, 20 декември 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија продолжува со вложувањето во развојот на фудбалска женска лига и во таа насока денес ја претставија идејата за брендирање и препознатливост на Прва женска фудбалска лига.

- Низ истражувањата кои ги спроведовме подготвувајќи ја стратегијата беше утврдено дека женскиот фудбал во Македонија има потреба од поголема препознаеност и видливост и тоа во сите свои сегменти, од лиги до национални тимови. Овој проект за брендирање на Првата женска фудбалска лига се однесува токму на зголемувањето на видливоста и препознатливоста на натпреварувањето кое од година в година се повеќе се развива. Искрено се надеваме дека овој прв чекор ќе придонесе кон поголема популаризација и развој на женските натпреварувања во иднина, изјави потпретседателот на ФФМ, Лазар Ракиџиев.

ФФМ очекува со ефективно брендирање на лигата да инспирира повеќе девојки да учествуваат во фудбалот.

Визијата на ФФМ е да го воспостави фудбалот во како спорт број еден за жени и девојчиња во Македонија.

-Сакаме да обезбедиме можности и иновации, со што секое девојче, девојка и жена ќе можат да уживаат, да се развиваат и да остваруваат резултати.

Имплементација на проектот во првата фаза се состои од изработка на визуелни решенија (брендинг) за стадионите од Прва женска фудбалска лига и продукција на директни преноси (стриминг) на дерби натпревари од Прва ЖФЛ. зс/

Остани поврзан