• петок, 23 август 2024

ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот со Ерменија

ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот со Ерменија

Скопје, 22 август 2024 (МИА) - Билетите за натпреварот Македонија - Ерменија во Лига на Нации ќе бидат со цена од 200 (Источна и Западна трибина) и 400 денари (Јужна и Северна трибина), објави Фудбалската федерација на Македонија.

Натпреварот е прв од новиот циклус во Лига на Нации. Ќе се игра на 10 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Продажбата на билети за натпреварот Македонија - Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на „MKTickets“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан