• недела, 23 март 2025

Фудбалерите на Јувентус очекуваат Мота да добие отказ

Фудбалерите на Јувентус очекуваат Мота да добие отказ

Торино, 22 март 2025 (МИА) - Играчите на Јувентус биле изненадени што Тиаго Мота не добил отказ по поразот од Фиорентина минатата недела. „Бјанконерите“ претрпеа два последователни тешки порази - 0:4 од Аталанта и 0:3 од „виолетовите“.

Формата на тимот го става под сериозно прашање пласманот во Лигата на шампионите следната сезона, што ќе биде тежок финансиски удар за клубот.

Раководството на Јуве соопшти дека му верува на Мота, но во последните денови имаше состанок меѓу сопственикот Џон Елкан и директорите на клубот. Според последните информации, газдите ќе му дадат уште малку време на тренерот, но претстојниот меч со Џенова ќе биде важен за неговата иднина.

Чувството меѓу играчите е дека Мота ќе добие отказ во блиска иднина. Поранешниот селектор на Италија Роберто Манчини е подготвен веднаш да го замени на оваа позиција, според медиумите во Италија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан