• сабота, 16 ноември 2024

Француското Националното собрание го отфрли предлогот за гласање недоверба на владата на Елизабет Борн

Француското Националното собрание го отфрли предлогот за гласање недоверба на владата на Елизабет Борн

Париз, 11 јули 2022 (МИА) - Француското Национално собрание го отфрли предлогот за гласање недоверба на владата на Елизабет Борн, за кој гласаа само 146 пратеници, јави дописникот на МИА од Париз.

„Оваа иницијатива за недоверба ќе послужи како политичко појаснување за оние во опозицијата“, изјави претходно лидерката на групата ЛФИ, Матилд Пано.

Усвојувањето на овој предлог за недоверба, поднесен од Нупес против владата на Елизабет Борн, беше многу малку веројатно, бидејќи републиканците најавија дека нема да го поддржат.

„Не е изненадување, знаевме дека ќе биде отфрлено“, рече претседателот на Социјалистичката партија Оливие Фор.

„Конечно ќе можеме да работиме. Имаше три последователни неуспеси за Жан-Лук Меланшон: претседателските избори, законодавните избори и оваа форма на внатрешно гласање за цензура“, изјави владиниот портпарол Оливие Веран. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан