• петок, 22 ноември 2024

Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси Европската Унија

Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси Европската Унија

Париз, 13 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, сака трошоците за обнова на Украина целосно да ги преземе Европската Унија, објави француската публикација „Valeurs Actuelles“.

„Според републиканскиот проект, кој за да се спроведе неопходни се трилион евра, Европската Унија ќе мора да го финансира обновувањето на Украина“, се наведува во публикацијата.

Авторите на материјалот нагласија и дека Соединетите Американски Држави заработиле значителни средства од производството на оружје, додека европските земји претрпеле големи загуби. Според нивното мислење, во секое сценарио американската страна ќе биде поголемиот победник. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан