• четврток, 26 декември 2024

Форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО“

Форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО“

Скопје, 17 ноември 2022 (МИА) - ИКОМОС Македонија денеска организира онлајн меѓународен форум „50 години Конвенција за светско наследство на УНЕСКО: Меѓународни стандарди во национален контекст“.

Форумот се одржува по повод 50-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, со финансиска поддршка од Министерството за култура.

ИКОМОС Македонија, како дел од Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОМОС кој е советодавно тело на УНЕСКО токму за спроведувањето на оваа конвенција, се приклучува кон одбележувањето на нејзиниот 50-годишен јубилеј, поставувајќи сет прашања за дискусија и дебата: со какви предизвици се соочуваме при имплементација на домашната и меѓународната легислатива кога станува збор за зачувување на културното и природното наследство кое е од глобална важност и дали располагаме со потребните ресурси и капацитети за да се справиме со овој предизвик?

На форумот ќе учествуваат стручни лица и меѓународни експерти од надлежните државни и меѓународни институции и организации кои ќе говорат за заштитата и управувањето со светското наследство на национално и меѓународно ниво, како и за состојбата со имплементацијата на оваа конвенција во земјава.са/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан