• сабота, 06 декември 2025

Форум „Одржливо и функционално Скопје“ во кино „Фросина“

Форум „Одржливо и функционално Скопје“ во кино „Фросина“

Скопје, 17 септември 2025 (МИА) - Тематски форум насловен „Одржливо и функционално Скопје“ посветен на клучните предизвици и решенија за иднината на градот, ќе се одржи денеска со почеток од 17 часот во кино „Фросина“, информираат од Центарот за климатски промени.

Како што се појаснува, посветен е на „две горливи теми што се од витално значење за квалитетот на животот во градот Скопје - управувањето со отпад и урбанистичкиот развој“.

- Преку панел-дискусии и отворен дијалог со публиката, форумот има за цел да обезбеди платформа за споделување знаење, размислување за одржливи решенија и промоција на конкретни акции што можат да придонесат за подобрување на квалитетот на животот во нашиот град. Настанот не е само теоретска дискусија, туку и можност за поттикнување на соработка меѓу институции, експерти и граѓани со цел градење на едно функционално, зелено и одржливо Скопје, додаваат организаторите.

Настанот е организиран во рамки на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“.

- Спроведуван од страна на Центар за климатски промени, во соработка со партнерите „Еко зелено движење“, „Геосфера“,„Екотуризам - 2016 Охрид“, „Креактив“, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и „Ецо ацтион“. Проектот е поддржан од Швајцарската амбасада, преку програмата „Цивика мобилитас“, се појаснува во соопштението. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан