Форум на НФФ: Развој на нови решенија за прилагодување на климатските промени и поддршка на ранливите групи
- Со развој на нови решенија да се адаптираме на предизвиците што ги носат климатските промени, кои имаат се поголемо негативно влијание во земјоделството, влијаат на приходот и приносот на земјоделците, а особено на животот на лицата во руралните заедници. Клучен предизвик остануваат ограничените водни ресурси, но и поддршката за ранливите групи - жените земјоделки и младите фармери, порачаа учесниците на „Земјоделски форум за климатски промени“, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Националната федерација на фармери.
Скопје, 2 декември 2024 (МИА) - Со развој на нови решенија да се адаптираме на предизвиците што ги носат климатските промени, кои имаат се поголемо негативно влијание во земјоделството, влијаат на приходот и приносот на земјоделците, а особено на животот на лицата во руралните заедници. Клучен предизвик остануваат ограничените водни ресурси, но и поддршката за ранливите групи - жените земјоделки и младите фармери, порачаа учесниците на „Земјоделски форум за климатски промени“, што се одржува денеска во Скопје, во организација на Националната федерација на фармери, со поддршка на Шведска и Шведската развојна организација We Effect.
- Зголемената температури, намалените врнежи, екстремните појави ја намалуваат продуктивносота на земјоделските култури, го попречуаваат растот на шумите, а исто така создаат нови предизвици за управување со водните ресусри, рече државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство, Даниела Иротова Лазарева.
Одржливото управување со ресурсите, како што посочи, не е одговорност само на институциите, туку на сите, а овој глобален предизвик бара глобални одговори, но истовремено и локални решенија адаптирани на специфичните услови во државава.
- Предизвикот за водоснабдување станува се поголем и затоа мора да инвестираме паметно во користење на водата како и во изградба на инфраструктура за спречување на поплави и ефикасно складирање на вода, посочи Лазарева, порачувајќи да се санираат и модернциираат нашите традиоционани системи за наводнување кои не се прилагодени на новите климатски промени и со годиони се оставени на времето на заборавот.
Според неа, воведувањето на ефикасни, одржливи технологии за наводнување, како и имплементација на напредни методи за управување со водните ресурси се клучни за обезедување на стабилно земјоделско производство во услови на климатски промени.
Од особена важност посочи дека е и поттикнување на инвестиции во посовремени технологии кои ќе го подобрат капацитет на нашето земјоделство, но и поддршката за ранливите рурални групи - младите фармери, жените земјоделци, кои како најпогодена категорија се изложени на најголеми ризици од губење на доход и економска нестабилност поради што е неопходна интеграција на социјални ио економски политики кои ќе ги поддржат. Мерките на МЖСВ за поддршка на малите фармери и жени земјоделки се користат многу малку, како што рече, можеби поради неедуцираност и незапозаеност.
Елена Гроздановска од Министерството за социјална политика, потенцира дека адаптацијата на климатските промени за жал се повеќе станува видлива, но оти прилагодувањето нема да може да се случи без мерки за ублажување на овие промени.
Истакна дека родовата еднаквост не е имплементирана во креирање на политиките за климатските промени и оти е потребна поголема заедничка акција особено за сензибилизирање на пошироката јавност, но и на сите кои работат во институци задолжени за креирање на вакви политики, како и соработка на терен.
- Искуствата покажуваат дека негативните влијанија на климатските промени особено ги погодуваат жените не само во руралните, туку и во урбаните средини, каде може да бидат загрозени нивните егзистенцијални права и затоа улогата на жената во активностите за ублажување и заштита од негативните влијанија е од непроценливо значење, рече Гроздановска.
И Елизабет Далберг Фриз, заменик амбасадор на Шведска во државава, укажа дека земјоделците, особено малите производители, се соочуваат со зголемена неизвесност бидејќи се менуваат временските шеми, се намалуваат водните ресурси, а екстремните настани стануават се почести.
- Овие влијанија не се распоредени подеднакво, жените, младите и маргинализираните групи, честопати се соочуѕваат со најсуровата реалност поради што е од суштинско значење да ги ставиме во првичноста и инклузивноста во центарот на нашите решенија, рече Далберг Фриз.
На настанот беше презентиран видео клип „Без вода нема храна“, а следуваат презентации на анализи „Влијанијето на климатските промени врз земјоделството во Северна Македонија“, „Наводнувањето во земјоделството во Северна Македонија“ и „Негативни ефекти од климатските промени врз ранливите групи во руралните средини“. лв/бак/
фото: МИА