• сабота, 16 ноември 2024

Фон дер Лајен: Албанија успешно се движи кон ЕУ, но потребни се и одредени реформи

Фон дер Лајен: Албанија успешно се движи кон ЕУ, но потребни се и одредени реформи

Тирана, 15 октомври 2023 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама даде неколку важни пораки за Албанија и за патот кон ЕУ.

Таа, меѓу другото, рече дека Албанија успешно се движи кон ЕУ, но додаде дека има потреба и од одредени реформи.

-Албанија успешно се движи кон ЕУ. Тоа од причина што сакаме да станете дел од нас за да ја обединиме ЕУ. Ова ќе ја направи Европа поголема, посилна во светот кој многу се менува. Албанија постигна голем напредок во скрининг процесот. Наша заедничка цел е да ги отвориме преговорите. Втората порака е дека ја градиме оваа заедничка иднина и треба да го направиме тоа веднаш за вашата земја да биде подготвена за членство и да формираме трговска соработка, изјави таа.

Почнавме, додаде таа, со инвестиција од 30 милијарди евра, една од нив е хидроцентралата Фиерза и посочи дека „заедно можеме да постигнеме многу“.

-Денеска сакам да се фокусирам на новиот план за ЕУ, кој има потенцијал да ја развие економијата на вашата земја. Се движиме кон нова фаза на дејствување, бидејќи овој план има потенцијал да ја удвои вашата економија во овој 10-годишен период. За ова се неопходни реформи кои ќе бидат придружени со инвестиции. Ова ќе биде придружено и со финансирање. Третата порака, нашите инвестиции ќе имаат ист капацитет колку работата што ќе ја работите, рече таа.

Вие, посочи, сте целосно во согласност со одговорот на ЕУ на руската војна против Украина.

-Еди, ти благодарам тебе и за твојот јасен став за терористичкиот напад на Хамас. Задоволството е да се биде во Албанија, нагласи таа. вт/сд/

 

Фото: Рама ФБ( од видео е извадена)

Остани поврзан