• вторник, 26 ноември 2024

Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени

Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени

Скопје, 1 ноември 2024


Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на маржите требаше да биде спасот за граѓаните од виоките цени. 

Мерката заврши а граѓаните не ја ни почуствуваа дека постоеше.
После еден месец од примената на оваа мерка, граѓаните почувствуваа само разочарување. Синдикалната кошничка се намали за симболични 57 денари - толку се „заштедило“ за еден месец. По ова легитимно е прашањето, дали ова е сериозна економска политика или само замајување на јавноста?

Цените во маркетите за најголемиот дел од производите останаа исти. Неколку производи се намалија за незначителни суми, но тоа граѓаните не го почувствуваа. Ова не е случајност, неефикасната мерка е последица на лошото и непромислено работење на Владата. 

Мерката не беше добро подготвена, а Владата им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред нејзиното стапување во сила.

Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари, а четиричлено семејство има потреба од најмалку 61.249 денари за основните потреби. 

Граѓаните се принудени да одбираат - дали да купат основни прехранбени производи или да ги платат сметките? Секој ден е битка за достоинствен живот, а оваа Влада не понуди никакво решение, ниту план.

Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња. 

Затоа, поднесовме Закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но Владата го одби. Одбивањето на оваа мерка е истовремено одбивање на пристоен живот за илјадници наши сограѓани. Ќе продолжиме со нашата борба и повторно ќе го поднесеме Законот, затоа што подобриот животен стандард не е луксуз - тоа е право на секој граѓанин.

Сега, кога Владата покажа дека нема ниту стратегија, ниту волја да ги реши овие горливи проблеми, СДСМ најавува дека ќе поднесеме закон за вистинско намалување на цените. Ова нема да биде уште една мерка за „мачкање очи“ - ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации.

Секој човек е важен - секој родител кој се труди да ги нахрани своите деца, секој млад кој сака да остане во земјата и да гради своја иднина тука, секој пензионер кој треба да ужива во плодовите на својата работа.

Граѓаните заслужуваат Влада која ќе работи за нив, која ќе покаже одговорност и посветеност. СДСМ е тука за секој од вас, и нема да запреме додека не обезбедиме подобар живот за сите.

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ

СДСМ бара оставка од Божиновска и најавува иницијатива за фунционер да може да има само македонско државјанство

Сања Божиновска, која што е вмешана во бројни скандали, продолжува да ја лаже јавноста. Денеска прашуваме: Како можеше Божиновска да го излаже народот за своето бугарско државјанство? И што вистински се крие зад нејзините мотиви за негово добивање?

Јавно беше објавен документот со кој таа самата потврдува бугарска самосвест, и тој документ носи нејзин личен потпис. Ова ја разобличува нејзината лага дека „адвокати и ја потпишале изјавата“.

Дополнително, нејзиното тврдење дека бугарско државјанство добила за економски причини е далеку од вистината. Бугарија не беше членка на ЕУ во 2004 година, кога Божиновска го добила државјанството. Економските можности во Бугарија беа послаби од оние во Македонија во тоа време. Ако економски причини не се причината, тогаш прашањето е: кои се вистинските мотиви? Дали навистина има бугарски национални чувства кои ја мотивирале на ваков чекор?

Додека Мицкоски тврди дека се бори против вклучувањето на Бугарите во уставот, тој очигледно нема проблем со државни функционери кои поседуваат бугарско државјанство во најтесното опкружување на Владата. Ова е лицемерие на највисоко ниво кое ги погодува сите граѓани и отвора многу прашања. Колку уште лица во тесното владино опкружување имаат двојно државјанство, и дали тие служат на интересите на Македонија или на странски интереси?

Затоа, СДСМ ќе поднесе иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен и конкретен услов - премиер, вицепремиери, министри и пратеници во Република Северна Македонија да можат да бидат лица кои поседуваат само македонско државјанство.

Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав.

Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму.

Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата.

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, министри и пратениците да можат да бидат лица кои само поседуваат македонско државјанство.

-Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав. Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан