• среда, 25 декември 2024

Фич го потврди позитивниот кредитен рејтинг на Бугарија

Фич го потврди позитивниот кредитен рејтинг на Бугарија
Софија, 24 јули 2021 (МИА) - Бугарското Министерство за финансии соопшти дека меѓународната агенција „Фич“ го потврдила долгорочниот кредитен рејтинг на земјата ‘БББ’ со позитивна перспектива. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според меѓународната агенција, краткорочните негативни ризици поврзани со пандемијата и несигурноста од изборите се компензираат со можноста за значителни финансиски средства од ЕУ и Планот за обновување и одржливост. „Фич“ очекува економскиот раст на Бугарија да се забрза на 4,7 отсто оваа година, во споредба со февруарската проценка од 3 отсто. Ниската стапка на вакцинација во Бугарија во споредба со просекот на ЕУ овозможува негативни ризици поврзани со пандемијата. Експертите од агенцијата гледаат мала веројатност бугарските власти да воведат построги ограничувачки мерки што значително ќе влијаат на економската активност во земјата. Банкарскиот сектор во Бугарија е оценет како ликвиден и добро капитализиран. „Фич“ го дефинира планот за воведување на еврото во 2024 година во Бугарија како реален. нк/паг/  

Остани поврзан