• вторник, 26 ноември 2024

ФИФА може да ја укине забраната за бразилските играчи на следните натпревари во Премиер лигата

ФИФА може да ја укине забраната за бразилските играчи на следните натпревари во Премиер лигата
Цирих, 10 септември 2021 (МИА) - Бразилските фудбалери имаат шанса да играат на претстојните натпревари од шампионатот на Англија, пренесува „The Telegraph“. Како што е наведено, официјални претставници и шефови на фудбалски федерации преговараат за укинување на забраната, иако Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) сè уште не се откажала од нејзиното барање. Претходно, ФИФА, на барање на ЦБФ, им забрани на осум играчи од Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челзи, Евертон и Лидс да играат за клубови следните пет дена. Ова се должи на фактот дека клубовите во англиската Премиер лига одбија да ги пуштат бразилските играчи во бразилската репрезентација. Доколку се прекрши забраната, англиските клубови се соочуваат со санкции. Како и да е, договор за укинување на оваа забрана може да се постигне веќе денес. Мексико и Парагвај, кои исто така се залагаа за петдневна забрана, ги отфрлија нивните барања. Британската влада е подготвена да им вети на земјите од Јужна Америка дека играчите ќе бидат пуштени во своите репрезентации за време на следната меѓународна пауза во октомври. Во исто време, англиските клубови веќе се договорија меѓу себе дека можат слободно да користат играчи кои сè уште имаат забрана. зс/

Остани поврзан