• среда, 27 ноември 2024

Финскиот парламент го одобри Договорот за соработка во одбраната со САД

Финскиот парламент го одобри Договорот за соработка во одбраната со САД

Хелсинки, 2 јули 2024 (МИА) - Финскиот парламент едногласно го одобри Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) меѓу Финска и САД кој на американската војска и дава право да користи 15 локални воени објекти.

Врз основа на договорот, американската воена опрема и војници би можеле да бидат стационирани во Финска, јавија фински медиуми.

Договорот веќе беше потпишан во декември, но финскиот Парламент не го одобри.

Пратеничката Ана Контула од Левиот сојуз предложи да се отфрли договорот, но нејзиниот предлог не беше поддржан.

Уставната комисија заклучи дека договорот мора да биде одобрен со двотретинско мнозинство пратеници, а според комисијата, во голема мера е во согласност со Уставот. Договорот за одбранбена соработка (ДЦА) го олеснува движењето и операциите на американските трупи во Финска.

Според тој договор, одбранбена опрема, материјали и воен персонал може да се испраќаат од САД во Финска.

Финска, меѓу другото, отвора 15 свои воени бази за можна употреба на САД. САД имаат слични договори за одбранбена соработка со повеќе од 20 земји. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан