• недела, 28 јули 2024

Финската премиерка Сана Марин во посета на Северна Македонија

Финската премиерка Сана Марин во посета на Северна Македонија
Скопје, 19 јуни 2022 (МИА) - Премиерката на Финска, Сана Марин денеска ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија.
Според агендата, Марин ќе биде пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски по што ќе има билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин во 15:15 часот.
Финската премиерка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. бак/лв/

Остани поврзан