• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Финансиска поддршка и донации од Демир Хисар за семејства од Кочани

Финансиска поддршка и донации од Демир Хисар за семејства од Кочани

Демир Хисар, 26 март 2025 (МИА) - Советот на Општина Демир Хисар на вонредна седница донесе одлука за доделување финансиска помош на семејствата на настраданите граѓани во пожарот во ноќниот клуб „ПУЛС“-Општина Кочани.

Членовите на Советот и градоначалникот на Демир Хисар Никола Најдовски одлучија да доделат 240.000 денари, средства од локалниот буџет, а ученици од средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ собираа донации за настраданите и повредени врсници од Кочани.

-Нашата искрена поддршка веднаш ќе ја испратиме во Кочани, а во меѓувреме ги интезивиравме проверките во сите општински јавни установи поврзани со функционалноста на хидрантите, противпожарните апарати и други инсталации на објектите во градот и населените места, изјави за МИА градоначалникот Најдовски.

Општина Демир Хисар во претстојниот период детално ќе ги провери исправноста на угостителските објекти и други фреквенти локации во градот. мт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан