• недела, 15 декември 2024

Финалето на Мундијалот 2026 во Њујорк

Финалето на Мундијалот 2026 во Њујорк


Цирих, 13 декември 2024 (МИА) – Њујорк ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Тоа ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации, 16 повеќе од досегашните 32.
Мундијалот ќе се игра во вкупно 16 градови – 11 американски (Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес, Канзас Сити, Далас, Хјустон, Атланта, Бостон, Њујорк Сити, Филаделфија, Мајами), три мексикански (Гвадалахара, Монтереј, Мексико Сити) и два канадски (Ванкувер, Торонто).
Отворањето на СП е на 11 јуни 2026 година на Естадио Ацтека во Мексико Сити, додека финалето е на 19 јули на Метлајф стадионот во Њујорк.
Европа ќе има 16 претставници на СП, Африка 9, Азија 8, Јужна Америка 6, Конкакаф 3 + 3 (домаќин), Океанија еден, а уште две репрезентации ќе се пласираат преку плејоф. ег
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан