• петок, 05 декември 2025

Фидан: Турција и Велика Британија се стратешки партнери

Фидан: Турција и Велика Британија се стратешки партнери

Анкара, 30 јуни 2025 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан по средбата со британскиот колега Давид Лами во Анкара, истакна дека Анкара и Лондон се два стратешки партнери кои имаат заеднички цели за неколку клучни прашања.

- Двете (земји) сме членки на НАТО, а не сме дел од Европска Унија, но одржуваме силни врски со Европа, посочи Фидан.

Тој ја потенцира и соработката помеѓу Турција и Велика Британија во економијата, одбраната и технологијата, додавајќи оти билатералната трговија се приближува до целта од 30 милијарди долари.

- Нашата соработка во одбранбената индустрија е исклучително добра. Од набавката на „Еурофајтер“ (Eurofightera) до други заеднички проекти, нашите компании и институции работат ефикасно, наведе Фидан.

Тој истакна и дека перспективите за надворешна политика на двете земји се совпаѓаат по многу глобални прашања, вклучувајќи ја војната во Појасот Газа, Сирија, Иран, Ирак и конфликтот помеѓу Русија и Украина.

Осврнувајќи се на конфликтот помеѓу Израел и Иран, Фидан наведе дека треба да се спроведе воспоставеното примирје и тоа да води кон траен мир.

Лами по средбата со Фидан се сретна и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан