• понеделник, 23 декември 2024

Фидан во телефонски разговор со Блинкен побара да се изврши притисок врз Израел

Фидан во телефонски разговор со Блинкен побара да се изврши притисок врз Израел

Анкара, 12 август 2024 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика Израел да избегнува „провокативни акции“ кои би можеле да доведат до натамошна ескалација на конфликтот.

Шефот на турската дипломатија ја нагласи потребата да се изврши притисок врз Израел за траен прекин на огнот во Газа, објави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кецели.

За време на телефонскиот разговор, двајцата претставници разговарале и за преговорите меѓу Израел и Хамас и за растечките тензии во регионот.

– Министерот Фидан рече дека убиството на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханија и масакрот врз Палестинците уште еднаш ја покажале неподготвеноста на Израел да постигне мир, рече Кецели.

Фидан, исто така, рече дека Хамас претходно покажал конструктивен став кон прашањето за прекин на огнот. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан