• четврток, 26 декември 2024

Фехми Скендер в.д. директор на деветолетката во Центар Жупа

Фехми Скендер в.д. директор на деветолетката во Центар Жупа

Дебар, 25 октомври 2023 (МИА) – Со решение на градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, за вршител на должноста директор на Општинското основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк, во Центар Жупа, назначен е професорот Фехми Скендер.

Скендер како професор по информатика во ова училиште работи 23 години а од 2015 година е професор и на Универзитетот „Визион“ во Гостивар.

Основно и средно образование завршил во Центар Жупа, дипломирал на факултетот за информатика на Државниот универзитетот во Коња, Република Турција, магистрирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје а пред одбрана на докторската дисертација е на Универзитетот „Климент Охридски“ во Битола.

Автор е повеќе научни трудови, учествувал на меѓународни конференции а одржувал и обука за просветни работници во земјава.

Подолг период се занимава и со новинарство, хонорарен дописник е на Јени Балкан и уредник на редакцијата на турски јазик во дебарската регионална телевизија, ТВ 3.

До сега функцијата директор ја извршуваше Музафер Сулејман, кој деновиве се пензионира. На срдечната средба тој му посака успех на новата функција. вт/ир

Фото: МИА

Остани поврзан