• сабота, 23 ноември 2024

Фетаи на средба со бугарскиот амбасадор, постојаниот дијалог отвора можности за соработка

Фетаи на средба со бугарскиот амбасадор, постојаниот дијалог отвора можности за соработка

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретнал со амбасадорот на Бугарија, Жељазко Радуков, со кого се согласил за важноста од континуиран и отворен дијалог, кој создава мостови на соработка кои се од заемен интерес.

Фетаи, како што соопшти неговиот Кабинет, го информирал амбасадорот за приоритетите на Владата за воспоставување на правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како предуслови за интегративниот процес и благосостојбата на граѓаните.

Тој ја истакнал важноста за отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, додавајќи дека треба да се искористи историскиот моментум во политиката на проширување на ЕУ и дека Северна Македонија треба да напредува на патот на интеграцијата заедно со Албанија.

Соговорниците се согласиле дека изградбата на Коридорот 8, како безбедносен коридор на НАТО, има стратешко и економско значење за двете земји и за регионот. Фетаи појаснил дека завршувањето на овој проект е приоритет за Владата и ветил дека ќе се направат дополнителни напори за забрзување на неговата реализација. дма/аа/

Фото: Кабинет на Арбен Фетаи

Остани поврзан