Судскиот совет ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда на ЕСЧП
- Членовите на Советот ќе одлучуваат и по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.
Скопје, 15 април 2026 (МИА) - Судскиот совет на денешната седница ќе разгледува барање за повторување постапка по пресуда донесена од Европскиот суд за човекови права.
Членовите на Советот ќе одлучуваат и по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија или претседател на суд.
Дополнително, како точка на дневниот ред е предвидено и формирање комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, како и точката разно. ар/нд/
Фото: МИА архива