• петок, 23 август 2024

Фестивал на староградски песни „Под кулите на Струмица“

Фестивал на староградски песни „Под кулите на Струмица“

Струмица, 25 мај 2023 (МИА) - Во Центарот за култура во Струмица вечерва ќе се одржи 13-то издание на Фестивалот на староградски песни „Под кулите на Струмица“.

На Фестивалот ќе учествуваат 6 ансамбли од земјава: „Распеани струмичани“, „Распеани валандовчани“, Група „Орнаменти“ од Штип, „Октет Прилеп“, „Распеани гевгеличани“ и „Распеани радовишани“.

Фестивалот нема натпреварувачки карактер, туку преку него се пренесува староградската песна, која е дел од македонската народна музика.

-Оваа манифестација е показ на живоста на народната традиција, настојување да им се даде можност да го интерперетираат својот репертоар, велат од Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица, организатор на Фестивалот. рт/аа/

Фото: Центар за култура „Антон Панов“ 

Остани поврзан