• среда, 27 ноември 2024

ФБИ вратил на Рим мозаик стар 2.000 години

ФБИ вратил на Рим мозаик стар 2.000 години
Вашингтон, 4 септември 2022 (МИА) - Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) и вратило на италијанската Влада римски мозаик стар 2.000 година, „клучен дел од историјата на Рим“, кој бил скриен со децении, соопштија денеска од ФБИ. ФБИ тимот за криминал со уметнички дела во 2020 година бил контактиран од претставник на клиент кој поседувал огромен „мозаик со приказ на митолошката фигура Медуза“. Мозаикот бил исечен на 16 парчиња, секое тешко од 30 до 90 килограми, ставени на палети и чуван во приватен магацин во Лос Анџелес од 1990 година, соопшти ФБИ. Клиентот немал документација, во светот на уметноста позната како доказ за потекло, па затоа не можеле да го продадат делото. Не е познато како анонимниот клиент дошол во посед на мозаикот или колку долго се наоѓал во САД. Од ФБИ укажаа дека тој можел да се води за изгубен и 100 години. Специјалните агенти на ФБИ, Елизабет Ривас и Ален Грув, биле ангажирани да истражат за потеклото на мозаикот, пред истиот да биде вратен на вистинските сопственици. Полицијата во Италија потврдила дека е италијански и „влезен во записи за културна сопственост од 1909 година“. - Единствен современ запис за постоењето на мозаикот е оглас во весник од 1959 година за негова продажба во околината на Лос Анџелес. Официјални лица од Италија допатувале во Лос Анџелес да го проверат мозаикот и да помогнат со негово враќање. Конечно, мозаикот бил вратен безбедно во Рим во април, откако анонимниот клиент ги платил трошоците за специјален транспорт во сандаци. кб/ми/

Остани поврзан