• вторник, 24 декември 2024

ФА покрена случај против Бетанкур поради навредливи коментари на расна основа

ФА покрена случај против Бетанкур поради навредливи коментари на расна основа

Лондон, 12 септември 2024 (МИА) - Уругвајскиот играч од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бетанкур, беше обвинет од ФА поради расистички навредливи коментари поврзани со неговиот соиграч од Јужна Кореја, Хјун-мин Сон.

Во јуни, во една ТВ-емисија во неговата татковина, Бетанкур беше прашан дали има дрес од неговиот соиграч Сон има тим, на што тој одговори: „На Сони? Тоа може да е на неговиот братучед, бидејќи сите Корејци се горе-долу исти“.

Набргу потоа, Бетанкур на социјалните мрежи му се извини на Сон, признавајќи дека тоа е „несмасна шега“ и дека „никогаш не сакал да го навреди или повреди“.

Бетенкур има рок до 19 септември да одговори на обвинувањата на Фудбалската асоцијација, по што ќе биде донесена одлука дали и како треба да биде казнет. 

Сепак, тој ќе биде на располагање за дуелот со Арсенал овој викенд. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан