• вторник, 24 декември 2024

Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити

Манчестер, 25 април 2024 (МИА) - Иднината на Бернардо Силва беше тема на разговор во последните месеци, а се очекува Португалецот да го напушти Манчестер Сити на лето. Најголем интерес за неговите услуги покажа Барселона, која сепак има силна конкуренција.

Според шпанските медиуми, и ПСЖ на лето сака да го привлече играчот од средниот ред. Минатата година клубот се обиде, но безуспешно. Силва сега ќе биде достапен за 50 милиони евра, а неговата откупна клаузула ќе биде активна од јули.

Францускиот шампион има очигледна предност пред Каталонците – финансиски. Силва останува главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Тој исто така сака да се пресели на „Камп Ноу“, според новинарот Феран Кореас.

Силва е под договор со Манчестер Сити до летото 2026 година, но се чини дека сака нов предизвик во кариерата. Јасно е дека доколку ја избере Барселона, ќе биде поблиску до родниот Лисабон. Тој е младински играч на Бенфика. Пред да се пресели во Манчестер Сити играше и за Монако.

За португалската репрезентација постигна 11 гола на 88 натпревари. дс

Фото: Архива

Остани поврзан