• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Утре потопло со пораст на дневните температури

Утре потопло со пораст на дневните температури

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Времето утре сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан