Утре можен мал прекин на водоснабдувањето во Студеничани
- Прекинот ќе биде поради технички зафат во пумпна станица Студеничани, а ќе трае до завршување на работните активности.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Можен мал прекин на водоснабдувањето во Студеничани утре од 8 часот, најавува ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.
Прекинот ќе биде поради технички зафат во пумпна станица Студеничани, а ќе трае до завршување на работните активности. мч/дма/
фото: МИА архива