• сабота, 23 ноември 2024

Утре во детскиот културен центар„Карпош“ креативен настан „Играм и пеам за мојата мајка“

Утре во детскиот културен центар„Карпош“  креативен настан „Играм и пеам за мојата мајка“

Скопје, 7 март 2024 (МИА) - Во Детскиот културен центар - „Карпош“ во Скопје утре во 10 часот ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки со тема -„Цртам за мојата мајка“ изработени од најмалите-децата од детските градинки од Скопје.  

Изложбата се одржува по повод празникот 8 Март - Меѓународен ден на жената и дел од музичко-креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.

Од ДКЦ „Карпош“  информираат дека на  нивна  покана до сите градинки во градот, пристигнале бројни ликовни творби кои ги изработиле децата

-Од овие цртежи  може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка-жена и која е нејзината улога во нивниот живот, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Воедно најавија дека за децата од градинките е организирана и пригодна програма. Оваа година во ДКЦ „Карпош“ гостинка  ќе им биде Марија Дојчиновска вработена како зоонеговател во Зоолошката градина во Скопје, која ќе им раскаже за нејзината работа со животните кои се жители на ЗОО.

Воедно ќе им појасни  на најмладите на дечињата  дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи. ад/сст/

 

 

Остани поврзан