Утре без струја дел од општина Карпош
- Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на ЕВН Македонија, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош.

Скопје, 13 мај 2021 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа на ЕВН Македонија, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош.
Како што информираат од РЦУК Скопје, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на ул. „Дрезденска“ - објектот на Катастар, објектот на Јеховини Сведоци, Градежниот институт и објектите во негова близина, како и дел од ул. „Букурешка“ во општина Карпош. дма/бак/