• вторник, 24 декември 2024

Уставниот суд реагира на невистинити наводи изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

Уставниот суд реагира на невистинити наводи изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Уставниот суд ги отфрла сите обвинувања упатени кон претседателката на Добрила Кацарска и кон судиите кои беа искажани од страна на претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски и реагира на невистинити наводи изнесени во текот на неговата изјава за време на денешниот протест пред Уставниот суд.

- Посоченото лице првенствено вработените кои ги претставува, а потоа и сите останати граѓани ги доведува во заблуда со изјавата „наместо да дебатираме со претседателката на Уставниот суд и министерот за финансии внатре, ние дебатираме преку вас медиумите, се наведува во соопштението од Уставен суд.

Во рамките на постапувањето и одлучувањето, Уставниот суд, како што посочуваат оттаму, не преговара со никого, единствено оценува уставност и законитост на актите и ниту една одлука на Судот не смее и не може да биде предмет на преговарање со ниту еден субјект. 

-Од друга страна, Уставниот суд не го негира правото на граѓаните да изразат незадоволство преку протест, што е впрочем уставно загарантирано право, но мора да се нагласи дека Судот при одлучувањето за поведување на постапка не одлучуваше со намера да наштети на правата на вработените, туку да ја заштити уставноста, која во овој случај постои како сомнеж, се наведува во соопштението.

Судот одлучува во насока на остварување на правата на сите вработени, но не врз основа на дискриминирачки и неуставни одредби како што е во случајот.

Уставниот суд информира дека е неточен заклучокот дека т.н. времена мерка е донесена само поради една околност која била јавно спомената. 

Во овој случај, Судот донесе Решение за запирање на извршувањето врз основа на овластувања од членот 27 од Деловникот и образложението за оваа мерка е содржано во Решението кое е објавено во Службен весник. 

-Конечна одлука ќе биде донесена во најкраток можен рок, како што и впрочем предвидел Деловникот, а тоа е периодот во кој тимот кој работи на предметот ќе го подготви рефератот со конечен предлог откако ќе добие мислење од доносителот на актот за што е предвиден рок не подолг од 30 дена. Недозволиво е да се прејудицира каква ќе биде конечната одлука, нагласуваат во соопштението од Уставен суд. дма/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан