• понеделник, 23 декември 2024

Уставниот суд на БиХ одлучи дека членот од законот со кој се криминализира клеветата во РС е неуставен

Уставниот суд на БиХ одлучи дека членот од законот со кој се криминализира клеветата во РС е неуставен

Сараево, 18 јануари 2024 (МИА) - Уставниот суд на Босна и Херцеговина на денешната пленарна седница одлучи дека членот од законот со кој се криминализира клеветата во Република Српска е неуставен. Уставниот суд на БиХ ја укина таа одредба.

За уставноста се одлучуваше по претставка од Денис Звиздиќ, заменик-претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, испратена на крајот на август минатата година.

Звиздиќ поднесе и барање за усвојување привремена мерка со која Уставниот суд на Босна и Херцеговина ќе ја суспендира примената на одредбите со кои клеветата се третира како кривично дело во РС до конечната одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Клеветата во РС беше криминализирана со измените на Кривичниот законик на ентитетот, кои беа усвоени од Собранието на Република Српска во јули 2023 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан