• среда, 08 април 2026

Израел издаде прво поморско предупредување за брегот на Либан

Израел издаде прво поморско предупредување за брегот на Либан

Ерусалим, 7 април 2026 (МИА) – Израел издаде „итно предупредување“ до бродовите до брегот на Либан помеѓу градовите Тир и Рас Накура.

- Активностите на Хезбохал ги загрозуваат бродовите во поморското подрачје помеѓу Тир и Рас Накура, поради што Израелските одбранебени сили мора да дејствуваат во тоа подрачје, изјави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на арапски јазик.

Тој додаде дека сите бродови во посочениот реон треба „веднаш да се упатат северно од подрачјето на Тир“ поради сопствена безбедност. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан