• среда, 25 декември 2024

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола изработува нова стратегија за развој

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола изработува нова стратегија за развој

Битола, 14 март 2023 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“-УКЛО почна изработка на нова стратегија со која ќе го дефинира и насочува развојот на Универзитетот и ќе ги утврдува начините за постигнување и реализација на поставените цели.

Во процесот на изработка на стратегијата за развој, УКЛО ќе го вклучи целокупниот акдемски и административен кадар, студентите и алумните на Универзитетот.

Во процесот што е во тек, посебно внимание ќе се посвети на идеите и предлозите од  бизнисот, локалните самоуправи, граѓанскиот сектор, претставниците на меѓународната заедница и опкружувањето. На овој начин УКЛО планира да овозможи имплементација на највисоки академски стандарди за да обезбеди високо позиционирање.

Според истражувачкиот прашалник, работната група е фокусирана на процесите на редефинирање на УКЛО, засилување на квалитетот на наставните програми и компетенции на студентите. мт/дма/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан