• среда, 25 декември 2024

Унгарската претседателка Новак в четврток во посета на Албанија

Унгарската претседателка Новак в четврток во посета на Албанија

Тирана, 30 мај 2023 (МИА) - На покана на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, в четврток во дводневна официјална посета на Албанија ќе допатува унгарската претседателка Каталин Новак.

- Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на политичките и економските односи меѓу двете земји, соработката со Унгарија во функција на интегративниот процес на Албанија и другите земји од Западен Балкан, случувањата во регионот на Западен Балкан, како и новите геополитички случувања погодени од руската воена агресија во Украина, соопштија од кабинетот на Бегај.

Претседателката Новак ќе биде примена со сите државнички почести,  по што ќе следи средба  меѓу двајцата претседатели, средба на двете официјални делегации, како и заедничка прес-конференција. вт/паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан