• среда, 27 ноември 2024

Умерен сообраќај на патните правци по влажни коловози

Умерен сообраќај на патните правци по влажни коловози
Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Автомото сојузот на Македонија информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. -Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ. Од АМСМ со препорака за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Остани поврзан