• сабота, 06 декември 2025

Уличен дефект на улицата „Питу Гули“, без вода утре дел од Скопје

Уличен дефект на улицата „Питу Гули“, без вода утре дел од Скопје

Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) - Поради уличен дефект на улицата „Питу Гули“ во близина на „Тинекс“, прекинато водоснабдување во текот на утрешниот ден ќе имаат корисниците од оваа улица, како и дел од „Загребска“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Димитар Пандилов“, „Караорман“, висока зона - „Козле“ и „Ловќенска“ - крак 1,3,5 и 7, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.

Предвидено е да нема вода од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан