• вторник, 24 декември 2024

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Киев, 30 април 2024 (МИА) - Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан