• сабота, 23 ноември 2024

Украина ги погодила руските системи за воздушна одбрана на Крим

Украина ги погодила руските системи за воздушна одбрана на Крим

Киев, 12 јуни 2024 (МИА) - Украинската војска денеска соопшти дека извршила успешни напади врз руските системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим, јави ДПА.

Ракетните системи земја-воздух биле оштетени во воздушни напади недалеку од пристанишниот град Севастопол, соопшти украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук.

Во нападите во текот на ноќта биле уништени и резерви на муниција, се вели во соопштението.

Гувернерот на Севастопол, назначен од Москва, Михаил Развозаев, претходно преку сервисот за пораки Телеграм изјави дека е одбиен украински ракетен напад.

Тврдењата на двете страни не можеа веднаш да се проверат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан