• среда, 27 ноември 2024

УЕФА и дозволи на Осасуна да се квалификува за европско натпреварување

УЕФА и дозволи на Осасуна да се квалификува за европско натпреварување

Нион, 25 јули 2023 (МИА) - УЕФА и дозволи на Осасуна да учествува во сезоната 2023/24 во Конференциската лига, објави официјалниот сајт на клубот.

 

Клубот од Памплона го доби правото на настап во Конференциската лига по резултатите од минатата сезона. Во јуни, Дисциплинската комисија на УЕФА започна истрага против клубот за организирање на местење натпревари во сезоната 2013/14 и одлучи да не дозволи тимот да се натпреварува во европските натпреварувања.

 

Подоцна, Осасуна поднесе жалба до надлежната Комисија на УЕФА, кој ја потврди одлуката на дисциплинското тело. После тоа, шпанскиот клуб поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS).

 

Како резултат на постапката, УЕФА дојде до заклучок дека Осасуна е „жртва на околности“ што се случија пред 10 години и му дозволи на клубот да учествува во Европскиот куп. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан