• петок, 20 март 2026

Реал шест недели без Куртоа

Реал шест недели без Куртоа

 

Мадрид, 19 март 2026 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, ќе отсуствува до шест недели поради повреда на мускулот на десната нога.

„По тестовите што медицинскиот персонал на Реал Мадрид ги спроведе денеска, на нашиот играч Тибо Куртоа му е дијагностицирана повреда на мускулот на десниот квадрицепс. Неговата состојба се следи“, се наведува во клупското соопштение.

Повредата значи дека белгискиот голман нема да биде во составот на Реал за четвртфиналните пресметки следниот месец против Баерн Минхен во Лигата на шампиони.

Куртоа на ново име на долгата листа повредени фудбалери на Реал на која од порано се клучните играчи Килијан Мбапе, Џуд Белингем, Родриго и Едер Милитао.

Местото на Куртоа ќе го заземе украинскиот голман Андриј Лунин, почнувајќи од градското дерби в недела против Атлетико Мадрид во Ла Лига. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан