• сабота, 27 јули 2024

ТФТ му пружи силен отпор на Макаби Хаифа

ТФТ му пружи силен отпор на Макаби Хаифа
Хаифа, 3 април 2022 (МИА) – Екипата на ТФТ синоќа загуби на гостувањето во Израел од Макаби Хаифа со 91:85. Ова беше натпревар од Д-групата во регионалната лига – БИБЛ. ТФТ одигра добро и имаше водство по три четвртини, но фаворитот ги доби последните 10 минути со 28:20 и на крајот славеше победа. Во редовите на македонскиот претставник, најефикасен беше Ландриус Хортон со 30, поени. Двоцифрен број поени постигнаа уште и: Виктор Ташовски 12 и Џермејн Бишоп 11. За ТФТ ова беше трет пораз во исто толку натпребвари во втората фаза, додека Макаби ја забележа втората победа. На табелата води Ирони со 11 бодови, Макаби има 9, Балкан е трет со 8, последен е ТФТ со 5 бода. зс/

Остани поврзан