• среда, 27 ноември 2024

Турскиот брод „Оруч Рејс“ го промени правецот, Грција бара да го напушти грчкиот континентален гребен

Турскиот брод „Оруч Рејс“ го промени правецот, Грција бара да го напушти грчкиот континентален гребен
Атина,12 август 2020 (МИА) – Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ доцна синоќа го промени правецот и плови североисточно, без да е познато дали се враќа кон пристаништето во Анталија, но според грчките медиуми, и понатаму се наоѓа во морскиот дел за кој Грција смета дека е нејзин континентален гребен, јави дописничката на МИА од Атина. Медиумите во Грција објавуваат дека турскиот брод воопшто не започнал со истражувањата, веројатно поради бучавата од воените бродови од двете земји. Дополнително, коментираат дека „Оруч Рејс“, континуирано го следат бродови на грчката воена морнарица. Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос синоќа одржа состанок на Советот за одбрана на кој присуствуваа началниците на Генералштабот на армијата, на воената морнарица, на военото воздухопловство зада се оцени ситуацијата во поширокиот регион. За последните турски активности, Грција побара свикување на вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската унија, а шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека „нема да постои никаква толеранција за обидите на Турција“. -Се обраќаме до сите. Јасно ставаме на знаење дека Грција ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права. Ја повикуваме Турција веднаш да го напушти грчкиот континентален гребен, рече Дендиас. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера телефонски разговараше со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис за турските активности во Источниот Медитеран.ср/

Остани поврзан