• среда, 27 ноември 2024

Тунис спаси 14.000 мигранти за три месеци

Тунис спаси 14.000 мигранти за три месеци

Тунис, 7 април 2023 (МИА) - Туниската национална гарда денеска соопшти дека спасила повеќе од 14.000 мигранти, главно од субсахарска Африка, во првите три месеци од оваа година.

Од 1 јануари до 31 март, крајбрежната стража спасила 14.406 луѓе, од кои 13.138 од субсахарска Африка, останатите од Тунис, се вели во соопштението на Националната гарда.

Речиси сите спасувања се случиле во областите на Сфакс, вториот град во Тунис и Махдија, во централно-источниот брег на земјата.

За време на тие операции, Националната гарда уапси 63 лица и заплени 135 чамци и 12 возила што се користат за транспорт на мигранти.

Повеќето африкански мигранти доаѓаат во Тунис, од каде се обидуваат да стигнат до Европа по море. Брегот на Тунис се наоѓа на помалку од 150 километри од италијанскиот остров Лампедуза. ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан