• петок, 05 декември 2025

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Атина, 12 ноември 2025 (МИА) – Безживотните тела на три лица биле извлечени во морскиот дел јужно од малиот грчки остров Гавдос, кога почнал да тоне дрвен чамец со мигранти, а биле спасени 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, вчера попладне, откако биле информирани дека е потребно обезбедување помош за чамец со мигранти, брод на Фронтекс се упатил на местото и за време на процесот на приближување кон чамецот, лицата се поместиле на една страна, што довело до полнење на чамецот со вода и негово превртување.

Екипажот на бродот на Фронтекс веднаш фрлил чамци за спасување, како и индивидуални гуми за спасување и биле спасени 51 маж, една жена и три деца, а животот го загубиле двајца мажи и една жена.

Паралелно започнала и потрага за евентуално исчезнати, што продолжува и денеска, а спасените 55 лица биле пренесени на пристаништето на островот Крит. ср/ми/

Остани поврзан