Тројца загинати во автобуска несреќа во источна Украина
- Најмалку три лица загинаа, а 27 се повредени во автобуска несреќа на истокот на Украина, окупиран од Русија, соопштија денеска руските власти.
![Тројца загинати во автобуска несреќа во источна Украина](https://mia.mk/index.php/images/20250112153301_big_730x400_64.webp )
Киев, 12 јануари 2025 (МИА) – Најмалку три лица загинаа, а 27 се повредени во автобуска несреќа на истокот на Украина, окупиран од Русија, соопштија денеска руските власти.
Автобусот со 37 лица викендов се движел од градот Краснодар во јужна Русија кон окупираниот Доњецк, кога се превртел додека возел низ градот Иловајск, соопштија локалните власти, пренесе ДПА.
Се смета дека човечка грешка ја предизвикала несреќата, во која меѓу повредените има и четири малолетни лица. Возачот се движел со преголема брзина при лоши временски услови, изгубил контрола над автобусот и излетал од патот, соопштија локалните власти. јт/
Фото: Гугл мапи