• сабота, 31 август 2024

Три клуба од Серија „А“ заинтересирани за Депај

Три клуба од Серија „А“ заинтересирани за Депај
Лион, 1 мај 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лион, Мемфис Депај го предизвикал интересот на три клуба во Серија „А“, пренесува „Калчомеркато“. Според изворот, 26-годишниот Холанѓанец го бараат Милан, Лацио и Рома. Депај веќе го отфрли предлогот на Лион за нов договор. Сегашниот договор на фудбалерот со клубот истекува на крајот на јуни 2021 година. Во сезоната 2019/20, Депај постигна 14 голови и даде 2 асистенции на 18 натпревари за Лион.

Тагови

Остани поврзан