• среда, 01 јануари 2025

Тринидад и Тобаго прогласи вонредна состојба поради зголемениот криминал

Тринидад и Тобаго прогласи вонредна состојба поради зголемениот криминал

Порт оф Спејн, 30 декември 2024 (МИА) - Претседателката на Тринидад и Тобаго, Кристин Кангалу прогласи вонредна состојба поради зголемениот криминал, објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот.

Во карипската држава, составена од два острова во близина на брегот на Венецуела, е забележана „засилена криминална активност што ја загрозува јавната безбедност“, се вели во соопштението. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан